Хроника Вработен во МВР нападнал фудбалер среде натпревар

Вработен во МВР нападнал фудбалер среде натпревар

Вработен во МВР вчера, среде фудбалски натпревар, на стадионот во скопската населба Нова Колонија, излегол на терен и напднал играч, информираат од МВР.

Инцидентот се случил околу 11 часот, за време на одигрувањето на мечот меѓу фудбалските екипи на ФК „Колонија“ и ФК „Инџиково“, кога Н.С. (23) влегол на теренот и му удрил тупаница на еден од играчите, а потоа побегнал.

Од полицијата засега не соопштуваат повеќе детали за инцидентот.

– Известен е Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди (СВКПС) и по целосно расчистување и документирање на настанот, против сторителот ќе следи соодветна пријава – информираат од МВР.