Македонија Возила на ОБСЕ во Липковско

Возила на ОБСЕ во Липковско

Две теренски возила на ОБСЕ во моментов се во Липковско.

Иако полицијата им дозволила да се упатат кон Гошинце, од ОБСЕ одлучиле да не продолжат бидејќи возилата не им биле блиндирани, јавува „Нова ТВ“.

Дел од новинарските екипи, пред малку, полицијата ги спречила да продолжат кон Гошинце.

Репортерите на „Нова“, Сашка Цветковска и Владо Апостолов, сведочат оти им посочиле на полицајците дека кон Гошинце веќе се тргнати екипи на телевизијата „Сител“ и на весниците од МПМ и дека и за нив исто така е небезбеден теренот, меѓутоа полицијата не реагирала.