Македонија Воспоставени дипломатски односи со Јужноафриканската Република

Воспоставени дипломатски односи со Јужноафриканската Република

Јужноафриканската Република е 182 земја со која Северна Македонија има воспоставено дипломатски односи

Фото: МНР на РСМ

Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи и министерката за надворешни работи на Јужноафриканската Република, Наледи Пандор, потпишаа Заедничко коминике за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји, во рамки на 78-то заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации во Њујорк, соопшти македонското МНР.

„Воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Јужна Африка ги потврдува нашите заложби за градење пријателски односи и партнерства и со географски оддалечените земји. Отворањето ново поглавје во билатералните односи меѓу двете земји нуди дополнителни можности за развој и на економските и бизнис врски, како и зајакнување на соработката на мултилатерално ниво”, истакна Османи.

Јужноафриканската Република е 182 земја со која Северна Македонија има воспоставено дипломатски односи.