Свет Балкан Во лет се запалил еден од моторите на авион на „Туркиш ерлајнс“

Во лет се запалил еден од моторите на авион на „Туркиш ерлајнс“

Авион „ербас 320“ на компанијата „Туркиш ерлајнс“ бил принуден да се врати на истанбулскиот аеродром „Ататурк“ откако се запалил еден од моторите.

Како што јавуваат турските медиуми, патниците и членови на екипажот, кои летале за Милано, се итно евакуирани по принудното слетување.

Компанијата засега не го коментира инцидентот.