Подглавна секција Вооружен напаѓач уби петмина во банката каде што работел, нападот го пренесувал...

Вооружен напаѓач уби петмина во банката каде што работел, нападот го пренесувал на Инстаграм

Напаѓачот е идентификуван како 25-годишник кој користел полуавтоматска пушка. Тој бил синдикален работник и банкар во Старата народна банка каде што го извршил нападот

фото: Kenny Eliason на Unsplash

Пет лица загинаа откако вработен во Старата национална банка (Old National Bank) во Луисвил, Кентаки пукал во банката и го пренесувал нападот во живо на Инстаграм, соопшти полицијата во САД.

Би-би-си јавува дека жртвите биле на возраст меѓу 40 и 46 години. Во нападот повредени се деветмина, а меѓу нив и 26-годишен полицаец кој бил застрелан во главата и е во критична состојба по операцијата на мозокот.

Како што јавуваат американските медиуми, полицијата реагирала во рок од три минути и смртно го застрелала напаѓачот.

Преживеаните сведочеле дека истрелите започнале во конференциската сала на приземјето во банката. Напаѓачот е идентификуван како 25-годишник кој користел полуавтоматска пушка. Тој бил синдикален работник и банкар во Старата национална банка каде што го извршил нападот. Во банката се вработил минатата година, откако претходните три лета таму ги поминал како практикант.

За време на инцидентот, напаѓачот пукањето го пренесувал во живо на Инстаграм.

Матичната компанија на оваа социјална мрежа, „Мета“, информираше дека брзо го отстраниле преносот во живо од овој трагичен инцидент.

Си-ен-ен јавува дека напаѓачот неодамна бил известен оти ќе биде отпуштен од банката, а според извори на истрагата, на родителите и на еден од пријателите им оставил белешки во кои наведува дека планира да отвори оган во банката.

Овој инцидент е најновиот на масовното вооружено насилство, кое е уникатен американски феномен, додава Си-ен-ен. Според Архивата за огнено насилство на САД, од почетокот на годинава во оваа земја се случиле најмалку 145 масовни престрелки.