Забава „Волкот од Волстрит“, најпиратски филм за 2014 година

„Волкот од Волстрит“, најпиратски филм за 2014 година

„Волкот од Волстрит“ е најсимнуваниот филм на пиратски начин за 2014 година според „Холивуд репортер“. Овој филм бил симнат 30.035 милиони пати помеѓу 1 јануари и 23 декември 2014 година. „Волкот од Волстрит“ се прикажуваше во кината од 25 декември 2013 година и заработи 116 милиони долари во САД и 392 милиони долари низ целиот свет.

Дизниевиот „Снежното кралство“ е втор најсимнуван пиратски филм на годината, кој е симнат 29.919 милиони пати и заработи 1,27 милијарди долари. По него следуваат „Гравитација“ со Сандра Булок и со Џорџ Клуни на трето и „Хобит: Пустош на Смауг“ на четвртото место. „Тор“ е на петото место, „Капетан Америка: Зимски војник“ на шестото, „Легендатата за Херкулес“ на седмото, „Иксмен: Денови на идното минато“ е на осмото, „12 години ропство“ го зазема деветото место, а „Игрите на гладните: Раѓањето на огнот“ е на 10. место.

„Игра на престолот“ е пиратски најсимнувана серија за 2014 година, која има 8,1 милиони илегални симнувања и е далеку пред „Живи мртовци“, која има 4,8 милиони симнувања, „Бубалици“ со 3,9 милиони симнувања и „Како ја запознав мајка ви“ со 3,5 милиони илегални симнувања. На петто место е „Готам“, на шесто „Стрела“, на седмо „Вовед во анатомија“, на осмо „Викинзи“, на девето „Одела“ и на десетто место е серијата „Саут парк“.

„Игра на престолот“ и во 2012 и во 2013 година беше најсимнувана серија на илегален начин.