Македонија Водата во Штип и во Пробиштип забранета за пиење

Водата во Штип и во Пробиштип забранета за пиење

Водата од водоводот во Штип поради поплавување на бунарите, сè уште не е за пиење. И во Пробиштип и во околните села забрането е да се пие водата од водовод поради заматување на бунарите.

Анализите направени во Јавното претпријатие „Исар“ од Штип покажуваат дека водата за пиење е исправна и бактериолошки и хемиски, но додека не се добие потврда на анализите од Хигиенскиот завод, останува забраната за пиење на водата, соопштуваат од Општината.

Центарот за управување со кризи соопшти дека поради поплавување на бунарите, без вода за пиење се селата Лакавица и Балталија, а во општина Карбинци – селата Радање, Карбинци, Кучица и Козјак.