Дописници Водата од Билјанини Извори неисправна за пиење

Водата од Билјанини Извори неисправна за пиење

Денешните наоди од физичко-хемиска и микробиолошка анализа на водата од изворот Билјанини Извори, спроведени од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) од Охрид, покажуваат дека водата од изворите содржи патогени бактерии и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата е микробиолошки неисправна и не е здравствено безбедна за пиење.

Наодите се доставени до соодветните инспекциски служби за натамошно постапување. Центар за јавно здравје Охрид во континуитет ја следи состојбата со квалитетот на водата од Билјанини Извори.