Свет Водачот на ИД повика да се урнат египетските пирамиди

Водачот на ИД повика да се урнат египетските пирамиди

Водачот на Исламска држава повика на уништување на египетските пирамиди и на сфингите. Како што јавува порталот „Ал Алам“, Абу Бакр ал-Багдади изјавил дека уништувањето на историските споменици претставува религиска должност.

Според интерпретацијата на екстремните исламисти, религиските скулптури, идоли и светилишта се резултат на материјалната корупција на раната муслиманска вера за предметите повеќе да се обожаваат од Господ.