Главна секција Во Владата влегува и партијата на Амди Бајрам, ДПА се реши за...

Во Владата влегува и партијата на Амди Бајрам, ДПА се реши за Бардил Даути

Покрај ДПА и крилото на БЕСА предводено од Африм Гаши, постигнат е договор во Владата да влезе и партијата на Амди Бајрам, Сојузот на Ромите, потврди премиерот Зоран Заев.

Партијата на Бајрам нема да добие министерско место, туку кадар од неговата партија ќе добие функција во пониските ешалони на извршната власт.

Во меѓувреме, Централното собрание на ДПА на состанокот во Тетово ја донесе одлуката кои имиња ќе ги предложи на премиерот Заев за министер без ресор задолжен за економија и странски инвестиции и заменик-министер за транспорт и врски.

Министерската функција би требало да му припадне на Бардил Даути, додека Митасим Беќири е безециран за позицијата заменик-министер за транспорт и врски.