Свет Свет Во Виена се живее најдобро, во Багдад најлошо

Во Виена се живее најдобро, во Багдад најлошо

Виена повторно е прогласена за град во кој најдобро се живее, а Багдад е прогласен за најлош град за живеење, се наведува во анализата на консултантската фирма „Мерсер“ (Mercer).

Цирих, Минхен, Диселдорф и Франкфурт и годинава се во првите десет градови во кои добро се живее.

Виена, во која живеат 1,7 милион луѓе, шеста година по ред е на прво место.

Главниот град на Австрија може да се пофали со богат културен живот, сеопфатно здравствено осигурување и со умерени цени на домовите. Градскиот транспорт чини едно евро дневно ако се извади годишен билет.

Во првите десет градови во кои добро се живее се наоѓаат седум европски градови и по еден од Нов Зеланд, од Австралија и од Канада.