Жител на селото Суви Дол убил 31-годишен професионален војник во АРМ, во двор во куќа во селото Калуѓерец, информираше Јавното обвинителство. Оттаму додаваат дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишникот кој пукал во војникот.
„Осомничениот со умисла лишил од живот едно лице во двор на куќа во селото Калуѓерец, нанесувајќи му огнострелна повреда со куршум од ловна пушка. Жртвата е 31-годишен професионален војник во АРМ, но повод за убиството е банална вербална расправија од приватна природа“, велат од обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.