Свет Во Турција пронајден пилотот на урнатиот сириски борбен авион

Во Турција пронајден пилотот на урнатиот сириски борбен авион

Турските власти денеска соопштија дека по девет часа спасувачка потрага, пронајден е пилотот на сирискиот борбен авион „миг-23“, кој вчера се урнал во близина на турско-сириската граница.

Авионот се урнал на сириската страна на границата, но пилотот, кој се катапултирал, успеал да се спушти во Турција.

Како што јавуваат турските медиуми, пилотот веднаш бил пренесен во болница, но засега не се откриваат детали за неговата здравствена состојба.

Исламистичката група „Ахрар аш Шам“ тврди дека го соборила авионот, кој изведувал бомбардирања во провинцијата Идлиб.