Македонија Во тек е повик за обука за спасители во скијалишта

Во тек е повик за обука за спасители во скијалишта

Станува збор за повик за обука на спасители на скијалишта, каде учесниците ќе имаат можност да се обучат во прва помош, евакуација од жичара и возење на аки чамец

фото: Мета.мк / февруари 2021

Македонското здружение на спасители во скијалишта (МЗСС) објави повик за нови членови кои ќе бидат дел од тимот на ски патролери. Станува збор за повик за обука на спасители на скијалишта, каде учесниците ќе имаат можност да се обучат во прва помош, евакуација од жичара и возење на аки чамец.

МЗСС е состав од врвни професионалци, односно специјализиран кадар во областа на скијањето и медицината. Дел од него се искусни спасители специјализирани за пружање прва помош и евакуација од жичара. Спасителите се грижат и за организација и безбеден транспорт на повредени лица.

Заинтересираните кандидати е потребно да аплицираат на овој линк, а повеќе информации може да дознаат на телефонскиот број 078 533 331 или на е-адресата mzss.info@yahoo.com

Македонското здружение на спасители во скијалишта е член на Интернационалната федерација на ски патролери.