Економија Во тек е јавен повик за финансиска помош за земјоделците

Во тек е јавен повик за финансиска помош за земјоделците

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и во руралниот развој објави јавен повик за доставување барања за користење средства од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година.

Средствата се предвидени за основање и за функционирање на земјоделски задруги регистрирани во регистар на земјоделски задруги при Министерството за земјоделство, шумарство и водстопанство, како и за организирање информативни и промотивни активности за земјоделски производи.

Исто така, дел од овие парични средства ќе бидат наменети за помош за премии за осигурување, во вид на надоместок на дел од трошоците за осигурување и тоа во висина која нема да надминува 70 проценти од трошокот за осигурување на производствените капацитети на земјоделска задруга од мал обем и 80 проценти за осигурување на производствените капацитети на земјоделска задруга од голем обем, но не повеќе од 3 милиони денари на годишно ниво.

Ќе се одобруваат средства и за инвестиции за набавка на земјоделска механизација во висина од 90 отсто од вкупната вредност на набавката.

Повеќе информации на www.ipardpa.gov.mk.