Македонија Во Струмица поплавите направиле штета поголема од 95 милиони денари

Во Струмица поплавите направиле штета поголема од 95 милиони денари

Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи, формирана од Советот на Општина Струмица, на 24 и на 30 јануари 2015 година направи увид на поплавените подрачја и информираше дека е направена штета од 95.600.555 денари.

– До комисијата има доставено вкупно 515 барања за процена на штети, од кои најголем дел се од населеното место Муртино, и тоа 270 барања, од кои 253 за процена на штети на поплавени земјоделски површини и 17 барања за поплавени куќи и помошни простории со вкупна проценета вредност на штетите од 38.835.372 денари – изјави Ацо Ѓоргиев, претседател на општинската комисија за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи.