Свет Европа Во сообраќајна несреќа во Турција загинаа 17 мигранти

Во сообраќајна несреќа во Турција загинаа 17 мигранти

Најмалку 17 лица загинаа, а 36 се повредени во сообраќајна несреќа на минибус во источна Турција, соопшти турската полиција.

Турските медиуми јавуваат дека минибусот превезувал илегални мигранти од Пакистан, Авганистан и Иран.

Во минибусот, кој бил регистриран за 14 патници, имало повеќе од 50 мигранти. Полицијата ги истражува причините за несреќета.