Хроника Во сообраќајка загина малолетник, кој управувал со мотоцикл

Во сообраќајка загина малолетник, кој управувал со мотоцикл

Седуманесетгодишниот Петар Ј. од Скопје вчера загина во сообраќајна несреќа, што се случила помеѓу два автомобила и еден мотор, кој го управувал загинатиот.

„На улица Јустинијан Први, се случи сообраќајна незгода помеѓу „рено лагуна“ со скопски регистерски ознаки, управувано од А.Д. (48), „форд мондео“ со скопски регистерски ознаки, управувано од М.С. (50) и моторцил „мондиал“, управувано од Петар Ј. (17) од Скопје. Во незгодата, тешки телесни повреди добил возачот на мотоциклот, кој на пат кон Ургентен центар им подлегнал на повредите. Телесни повреди добиле две сопатнички од мотоциклот, на возраст од 16 и од 17 години, и тие се пренесени во општата болница „Св. Наум Охридски“ и во Ургентниот центар, за укажување лекарска помош. Екипа на СВР Скопје излезе на местото на настанот, изврши увид и работи на целосно расчистување на случајот“, информираат од МВР.