Македонија Во Собранието ќе се одржат четири комисиски седници

Во Собранието ќе се одржат четири комисиски седници

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за здравство, за одбрана, Националниот совет за евроинтеграции и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за здравство треба да ги разгледа предлог-законите за слободните здравствени зони и за центар за извонредност за трансплантациска медицина и хируршки болести, а Комисијата за одбрана – предлог-законот за измена на Законот за полиција.

Законодавно-правната комисија, пак, ќе одржи две седници на кои меѓу другите точки, се предлог-законите за основање Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ во Скопје, за изменување на законите за високото, средно и за основно образование, како и за Академијата за наставници и за образование на возрасните.