Македонија Во Собранието ќе се додели наградата „Гоце Делчев“

Во Собранието ќе се додели наградата „Гоце Делчев“

Во Собранието на Република Македонија, денеска во 12 часот, Одборот за доделување на наградата „Гоце Делчев“ ќе ја додели наградата „Гоце Делчев“ за 2015 година, за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката.

За особено значајни остварувања од интерес за Републиката во областа на науката, наградата „Гоце Делчев“ за 2015 година се доделува на трудовите:

„Толковен речник на македонскиот јазик“ од авторскиот тим: д-р Елизабета Бандиловска-Ралповска, д-р Олгица Додевска-Михајловска, д-р Снежана Велковска, д-р Снежана Веновска-Антевска, д-р Елка Јачева-Улчар, д-р Виолета Николовска, д-р Фани Стефановска-Ристеска, м-р Катица Топлиска-Евроска и д-р Живко Цветановски; „Резултати за композија и неутрикс композиција“ од проф. д-р Билјана Јолевска-Тунеска и „Говорот на Албанците од Скопска Црна Гора“ од проф. д-р Аслан Хамити.