Македонија Во Собранието денеска три седници на комисии

Во Собранието денеска три седници на комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и за буџет, за политички систем и односи меѓу заедниците и за одбрана и безбедност.

На седницата на Комисијата за финансирање и за буџет се предлог-законите за изменување и за дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, во прво читање, и на Законот за регистрирање готовински плаќања, во второ читање, поднесени од пратениците од опозицијата.

Предлог-законот за изменување и за дополнување на Кривичниот законик и предлог-законот за пробација, двата во второ читање, се на агендата на седницата на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Членовите на Комисија за одбрана и безбедност на денешната седница ќе дискутираат по предлог-законот за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во второ читање.