Македонија Во Собранието денеска седници на три комисии

Во Собранието денеска седници на три комисии

Денеска во Собранието на Република Македонија седници ќе одржат комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за здравство и за транспорт, врски и екологија.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го разгледа предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за здравство се предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, во прво читање, и предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за хемикалии, во второ читање.

Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледува измените и дополнувањата на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај и на Законот за јавните патишта, во второ читање, и измените и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, во прво читање.