Македонија Во Собранието денеска ќе расправаат четири комисии

Во Собранието денеска ќе расправаат четири комисии

Четири комисиски седници се закажани денеска во Собранието на Република Македонија. Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправа за предлог-закон за дополнување на Законот за управување со кризи во второ читање.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на дневен ред го има предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи во прво читање.

На дневен ред на собраниската Комисија за труд и социјална политика се предлог-закон за дополнување на Законот за социјалната заштита и предлог-закон за дополнување на Законот за семејството, двата во второ читање.

Собраниската Комисија за култура ќе го разгледува предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за заштита на културното наследство во второ читање.