Свет Европа Во Русија уапсени четворица припадници на ИД кои подготвувале напади

Во Русија уапсени четворица припадници на ИД кои подготвувале напади

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапсила четворица припадници на екстремистичката група Исламска држава, кои планирале напади на јавниот превоз во Москва.

ФСБ наведува дека четирите члена на групата се уапсени во Москва. Тие исто така прецизираат дека некои од нив се државјани на Русија, а некои се на земји од Централна Азија.

При претресот на нивните станови пронајдени се импровизирани експлозивни направи, како и лабораторија за нивно производство. Покрај тоа, пронајдени се и автоматски пушки, муниција и екстремистичка литература.

Утврдено е дека четворица терористи планирале да извршат терористички напади во Русија и да заминат во Сирија за да се борат на страната на ИД.