Економија Во првите три месеци, превезени 2 милиони патници

Во првите три месеци, превезени 2 милиони патници

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2015 година, во патниот патнички национален и меѓународен превоз, бројот на превезените патници изнесува 2.090.000. Во железничкиот превоз, пак, изнесува 156.000, во градско-приградскиот превоз – 19.987.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 268.046.

Во истиот период, во споредба со првото тримесечје од 2014 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 14,3 проценти, во воздухопловниот превоз е намалено за 19,4 проценти, додека во железничкиот превоз намалувањето изнесува 19,6 проценти.