Македонија Во пештера во Кичевско пронајдени десетици черепи

Во пештера во Кичевско пронајдени десетици черепи

Обвинители, полиција, истражители и форезинчари сè уште вршат увид откако вчера во пештера во Кичевско биле пронајдени човечки черепи и коски.

Од Основното јавно овинителство – Гостивар велат дека кичевската полиција добила анонимна дојава дека во пештера помеѓу селата Тајмиште и Бачишта (Кичевско), над Бачишка Река, има човечки черепи, по што основниот јавен обвинител излегол на терен.

Од обвинителството не го соопштуваат бројот на черепи бидејќи сè уште трагаат, а поради карактеристичниот терен на пештерата, инаку меѓу народот нарекувана Череп, ќе треба повеќе време за да се истражи цела. Од обвинителството соопштија дека увидот ќе трае и во наредните денови.

„Во пештерата која има неколку краци, пронајдени се и подигнати неутврден број човечки черепи и коски. Истрагата продолжува во наредните денови, а пештерата по наредба на јавен обвинител ќе биде непрекинато обезбедена сè до отповикување на наредбата. За секое ново сознание што нема да ја попречи истрагата, Основното јавно обвинителство – Гостивар ќе ја информира јавноста“, пишува во соопштението на обвинителството.