Свет Европа Во Париз убиен маж кој со нож сакал да влезе во полициска...

Во Париз убиен маж кој со нож сакал да влезе во полициска станица

Маж вооружен со нож, кој се обидел да влезе во полициската станица во Париз, денеска бил убиен од француската полиција.

Полициските служби известија дека напаѓачот на себе носел појас полн со експлозив.

Според очевидец, во улицата Гут дор се слушнале две-три пукотници, а потоа улицата била блокирана од полицијата.

Според друг очевидец, напаѓачот на себе имал некој вид елек, кој најверојатно бил со експлозив и извикувал „Алах е голем“, додека се обидувал да нападне полицаец.