Македонија Во Општина Центар фрлени 60 тони сол

Во Општина Центар фрлени 60 тони сол

Екипите на Општина Центар, заедно со зимската служба, поради обилните врнежи од снег во изминатите 24 часа фрлиле 60 тони сол.

„Синоќа, од 21.30 до 2 часот по полноќ, беа фрлени 23 тони сол по улиците кои се во надлежност на Општината и снегот е расчистен на сите улици. Акцијата за чистење почна со улиците на Водно, како најризично подрачје, и продолжи на територијата на целата општина. Во 5 часот утрово, поради постојаните врнежи од снег, повторена е истата рута и до 9 часот се фрлени дополнителни 37 тони сол, или вкупно 60 тони во двете акции. Утрово улиците беа исчистени и граѓаните можеа без тешкотии да ги напуштат домовите. Сообраќајот по сите коловози се одвива непречено“, велат од Општината.

Општина Центар ги известува граѓаните дека можат да го контактираат директно раководителот Горан Иљовски, на телефон ‎072 268 746, доколку за одредени улици има потреба од дополнителна интервенција.