Дописници Во Охрид штрајкуваат само наставниците членови и симпатизери на СДСМ

Во Охрид штрајкуваат само наставниците членови и симпатизери на СДСМ

Професорите и вработените во охридската гимназија „Свети Климент Охридски“ го подржуваат, односно одбиваат штрајкот на СОНК токму по линијата на партиската поделеност, а која во овој случај е „фифти-фифти“.

Штрајкуваат професори кои се активисти, симпатизери или функционери во СДСМ, додека оние кои се наклонети на владејачката ВМРО-ДПМНЕ не штрајкуваат. Сепак, нарушено е нормалното одвивање на наставниот процес, настава посетуваат само неколкумина ученици, а класовите се, главно, празни. Така ќе биде додека не се најде заменски наставен кадар.

Ристо Николески, кој е и заменик-престедател на синдикалната организација при училиштето и член на штрајкувачкиоит одбор, повтори дека одлука за штрајк е донесена и за истото е доставено известување до директорот на училиштето, кого членовите на СОНК го обвинија дека со барањето лични изјави од вработените, ја злоупотребува својата функција и се обидува да врши притисок.

Николески додава дека најмалку половината од вработените штрајкувале, што за него е позитивно изненадување.

– Сепак, преовлада човечноста и потребата од промени во образованието. Оние со договор на дело, вработени во време на новата власт од ВМРО-ДПМНЕ, не го поддржуваат штрајкот. За жал, тоа е така во нашава ситуација во која живееме и опстојуваме. Членовите на ВМРО-ДПМНЕ да не штрајкуваат, а тие на СДСМ да штрајкуваат – појаснува Николески.