Култура Во Охрид почнува „Научна и уметничка визита 2015“

Во Охрид почнува „Научна и уметничка визита 2015“

В петок, на 3 јули, со завршниот концерт на Летната музичка работилница при Факултетот за Музичка уметност од Скопје, почнува „Научна и уметничка визита – 2015“, во организација на Македонската академија на науките и на уметностите (МАНУ).

Од МАНУ велат дека ја организираат по четврти пат, во прилог на збогатувањето на културната и на туристичката понуда на Охрид. Засега е позната програмата за јули, додека програмата за август ќе биде дополнително објавена.

По отворањето во Скопје, „Научна и уметничка визита – 2015“ продолжува на 4 и на 5 јули во Охрид, со Лингвистичката работилница: Граматика (синхронија-дијахронија) на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“.

Настаните во Охрид се одржуваат, главно, во Истражувачкиот центар на МАНУ, односно Куќата на Уранија, инаку, објект каде е формирана академијата.