Економија Во ноември нема промени на цените во угостителството

Во ноември нема промени на цените во угостителството

Индексот на цените на угостителските услуги во ноември годинава остана на исто ниво како во октомври годинава, покажаа податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата ноќевања за 0,1 процент.

Индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0,7 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-ноември 2014 година, во однос на истиот период од минатата година, е намален за 0,7 отсто, додека во однос на декември 2013 година е зголемен за 0,4 отсто.