Македонија Во Нигерија убиен киднапиран Британец

Во Нигерија убиен киднапиран Британец

Државјанин на Велика Британија, кој на средината од октомври беше киднапиран во Нигерија, е убиен, додека тројца се ослободени, соопштија денеска во Лондон.

Британското Министерство за надворешни работи објави дека четворица Британци се киднапирани во нигериската држава Делта на 13 октомври.

Како што се наведува, убиен е Јан Сквир, а британскиот Висок комесаријат и нигериските власти успеале да испреговараат ослободување на Алан Карсон, Дејвид Донован и на Ширли Донован, пренесува „Би-би-си“.