Свет Европа Во Москва отворена џамија за 10.000 верници

Во Москва отворена џамија за 10.000 верници

Ден пред Курбан-бајрам, во главниот град на Руската Федерација, повторно беше отворена централна московска џамија. На свеченоста присуствуваа рускиот претседател Владимир Путин, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, претседателот на палестинските власти, Махмуд Абас, и други гости.

Џамијата, позната како „Московска катедрална џамија“ или „Московска џуманска џамија“, беше урната пред четири години, за да се изврши целосна реконструкција, што предизвика контроверзии.

Објектот е изграден во 1904 година. Новоизградената зграда може да прими 10.000 верници. Станува збор за комплекс кој е 20 пати поголем од претходниот и зафаќа површина од 19.000 квадратни метри.

Уредувањето на внатрешноста на џамијата во Москва беше помогнато од турската дирекција за религиозни прашања Дијанет.

Исламот е втора најголема религија во Русија и има меѓу 15 и 23 милиони верници.