Македонија Во Маврово најмногу снег – 69 сантиметри

Во Маврово најмногу снег – 69 сантиметри

Снежна покривка од 69 сантиметри формираше снегот во Маврово, во Пожаране 51, Крушево 45, Тетово 36, Охрид 29, Тополчани 27, Ѓуриште 18, Прилеп 17, Скопје и Претор 16, Крива Паланка и Куманово 10 и во Битола од седум сантиметри.

Според Управата за хридрометеоролошки работи, врнежите од снег претпладнево ќе бидат со променлив интензитет и во текот на денот постепено ќе престануваат.