Македонија Во Македонија промените се случуваат, порача СДСМ по прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Во Македонија промените се случуваат, порача СДСМ по прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл на изборите од граѓаните на Република Македонија кои избраа живот, стои во кратката писмена реакција на СДСМ, по прес-конференцијата на носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во шестата изборна единица, Влатко Ѓорчев, на која тој побара ДИК да ги објави резултатите и мандатите и да не помислува да ја фалсификува волјата на граѓаните.

„Режимот е поразен. Времето на политичари како Никола Груевски заврши. Во Македонија промените се случуваат. Граѓаните си ја враќаат државата во свои раце“, стои во реакцијата на СДСМ.

И двете најголеми политички партии во Македонија синоќа прогласија победа, а ДИК сè уште официјално ги нема соопштено изборните резултати и освоените мандати на партиите.