Македонија Во куќа во Ваксинце откриени 77 мигранти

Во куќа во Ваксинце откриени 77 мигранти

Вчера попладне, околу 17.30 часот, во Секторот за вантрешни работи Куманово мигрант пријавил дека бил нападнат од непознато лице во куќа во селото Ваксинце, кое го удирало по главата и му барало пари, информираат од МВР.

Мигрантот пријавил дека успеал да побегне, но во куќата останало неговото семејство. Полициска екипа заминала на местото, каде бил извршен разговор со мигрантот, но не било констатирано дека е нападнат.

Сепак, при преглед на напуштена куќа во селото, полициските службеници затекнале 77 мигранти со потекло од Пакистан, Сирија и од Авганистан.

Како што информираат од МВР, мигрантите ноќеска биле пренесени во транзитниот камп во Гевгелија.