Хроника Во куќа на дебранин открино нелегално оружје

Во куќа на дебранин открино нелегално оружје

Полицијата запленила „Калашников“ и две рамки со куршуми

Екипа на дебарската полиција, поради сомнеж за сторено кривично дело, вчера извршила претрес на дом на жител на градот, каде пронашла и запленила илегално оружје.

Според полициските информации, во куќата на А.М. (33) биле пронајдени една автоматска пушка „калашников“ и две рамки со давесет куршуми, калибар 7.62 милиметр, долго зрно.

Запленетото оружје и муција се дадени на вештачење, а против А.М. е поднесена кривична пријава со која се товари за недозволено изработување, држење и за тргување со оружје и со распрскувачки материи.