Македонија Во Крушево зимски камп „Снежна Македонија – 2017“

Во Крушево зимски камп „Снежна Македонија – 2017“

Министерството за надворешни работи годинава првпат организира зимски камп насловен „Снежна Македонија – 2017“. На кампот во Крушево, кој почна на 3 јануари, а ќе трае до 8 месецов, учесници се деца Македонци од Република Албанија и од Република Србија на училишна возраст.

Кампот е дел од поширокиот владин проект „Далеку, а блиску“ за приближување на сите лица кои имаат македонско потекло, а особено најмладите, негување на македонскиот идентитет и создавање долгорочни врски со Република Македонија и со македонската култура.

Учесниците ги поздрави вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, кој говореше за улогата и за значењето на мајчиниот јазик во одржувањето на културниот идентитет.

На учесниците на годинешниот камп им беа доделени благодарници, книги на македонски јазик и новогодишни пакетчиња.