Хроника Во Кочани силувана 21-годишна девојка

Во Кочани силувана 21-годишна девојка

Полицијата се сомнева дека 30-годишниот В.С. силувал 21-годишна девојка од Кочани во нејзината семејна куќа во саботата, во 4.30 часот наутро.

Ова кривично дело дело, според полицијата, осомничениот го извршил со примена на сила. Кривичната пријава се темели врз исказот на девојката, која случајот го пријавила во полицијата.

На осомничениот за силување В.С., судија на претходна постапка во Основниот суд во Кочани му изрекол мерка куќен притвор во траење од 30 дена.