Свет Балкан Во Истанбул уапсени 35 лица поврзани со ИД

Во Истанбул уапсени 35 лица поврзани со ИД

Турската полиција уапси 35 лица во Истанбул во рамки на голема операција против џихадистичката групација Исламска држава, јавуваат турските медиуми.

Единицата за борба против тероризмот извршила истовремено рации на повеќе од 40 различни адреси во истанбулските квартови Пендик и Султанбејли, при што одзела муниција, документи на организацијата и маскирни униформи.