Свет Балкан Во Хрватска влегле повеќе од 82.000 бегалци

Во Хрватска влегле повеќе од 82.000 бегалци

Повеќе од 82.000 бегалци влегле во Хрватска од почетокот на бегалската криза, објави хрватското министерство за внатрешни работи на својата интернет-страница.

Во соопштението се наведува дека до вчера, до 21 часот, на хрватските граничните премини Товарник и Бапска, влегле повеќе од 4.500 лица, кои потоа биле пренесени кон границата со Унгарија.

Во привремениот прифатен центар во Опатовац, во моментот се наоѓаат околу 250 лица, а во текот на ноќта и во следните денови се очекува зголемување на бројот на бегалците кои пристигаат од Србија, стои во соопштението.