Свет Балкан Во Хрватска пристигнаа повеќе од 10.000 бегалци

Во Хрватска пристигнаа повеќе од 10.000 бегалци

Вчера во Хрватска пристигнаа повеќе од 10.000 бегалци, соопшти денеска хрватското Министерство за внатрешни работи.

Министерството нагласи дека бројот на бегалците што пристигнуваат во земјата се зголемува.

Повеќето мигранти се сместени во бегалскиот камп во Опатовац, кој се наоѓа во близина на хрватско-српската граница.