Хроника Во два автомобили пронајдени 17 мигранти

Во два автомобили пронајдени 17 мигранти

Вчера полицајци од полициската станица Неготино запреле автомобил марка „матиз“ со велешки регистарски таблички, во кој освен возачот М.Ѓ. (32) пронашле и пет мигранти кои потоа ги спровеле во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Во друг случај, на авотопатот во близина кај село Смоквица, полицијата запрела автомобил марка „рено“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле пронајдени 12 мигранти од Алжир. Полицијата и овие мигранти ги спровела во Прифатниот центар за странци во Скопје.