Македонија Во ДИК до денеска се пријавиле 2.099 граѓани од дијаспората за гласање...

Во ДИК до денеска се пријавиле 2.099 граѓани од дијаспората за гласање на изборите

До денеска, до 14 часот, во ДИК се пријавиле 2.099 граѓани на Република Македонија, кои се на привремена работа или престој во странство, за да имаат право да гласаат на претстојните предвремени парламентарни избори.

Од ДИК информираат дека од 2.099 пријави колку што пристигнале преку електронската апликација, прифатени се 1.413, одбиени се 61, а 625 се во обработка.

Пријавувањето, кое трае до 11 ноември, може да се врши преку електронската апликација поставена на веб-страницата на Државната изборна комисија.