Македонија Во Делчево е донесена првата пресуда за дискриминација

Во Делчево е донесена првата пресуда за дискриминација

Основниот суд во Делчево ја донесе првата пресуда каде се утврдува дискриминација.

Во овој случај, судот утврди дискриминација затоа што Општина Делчево (тужена странка) не изградила тротоар и рабници кои ќе можат да ги користат и лицата со посебни потреби.

Дополнително, Судот ја задолжи Општината да му надомести на тужителот нематеријална штета за претрпен страв и душевни болки.

Македонското здружение на млади правници, од чија страна беше поддржана оваа постапка, ја поздравува одлуката на Општината да не ја обжали првостепената пресуда и да постапи во согласност со диспозитивот.