Македонија Во Центар, „9-ка“ по изменета траса

Во Центар, „9-ка“ по изменета траса

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје соопшти дека поради реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин спроти Олимписки базен, привремено се менува трасата на автобуската линија „9“ во делот од Универзитетска библиотека кон Црвен Крст.

Со измените, автобусите кои сообраќаат во правец од Скопје Север до Клинички центар, на семафорите кај Универзитетска библиотека ќе вртат десно и на следните семафори лево и потоа ќе се движат право сè до паркот Жена борец (притоа ќе ги користат постојките на линиите „50“ и „57“) и потоа ќе вртат лево, каде ќе застануваат на постојката кај Зелен пазар. Оттаму на семафорите ќе вртат десно и потоа ќе продолжуваат по нормалната траса.

Во спротивен правец нема измени на линијата, односно автобусите ќе се движат како и секогаш.

Измените на линијата ќе бидат на сила сè до завршување на реконструкцијата на едната лента од булеварот „Кочо Рацин“.