Свет Балкан Во Бугарија уништени 152 килограми дрога во вредност од 14 милиони евра

Во Бугарија уништени 152 килограми дрога во вредност од 14 милиони евра

Во Бугарија денеска беа уништени 153 килограми дрога чија вредност на нарко-пазарот е проценeта на 14 милиони евра.

Станува збор за 35 килограми хероин, 27 килограми амфетамин, 75 килограми марихуана и други наркотични супстанци, соопшти бугарската царина.

Дрогата е уништена врз основа на 479 судски пресуди.

Бугарската царина во изминатите шест години организирала 53 процедури во кои се уништени вкупно 36 тони наркотични супстанци.