Свет Балкан Во бродолом кај Турција загинаа 14 лица

Во бродолом кај Турција загинаа 14 лица

Четиринаесет бегалци, меѓу кои и седум деца, утринава се удавија кај турскиот западен брег, откако нивниот брод потона на пат кон грчкиот остров Лезбос, јавија турските медиуми.

Бродот потонал кај турското место Ајваџик, на Егејско Море. Тоа е главно место од кое бегалците преминуваат до Лезбос.

Националноста на 27 лица, кои припадниците на турската крајбрежна стража ги спаси, засега не се наведува.