Свет Европа Во Брисел пронајдени хемикалии за правење бомби

Во Брисел пронајдени хемикалии за правење бомби

Белгиската полиција пронашла куршуми и хемикалии за правење бомби во куќите на двајца мажи уапсени поради поврзаност со терористичките напади во Париз.

Од канцеларијата на обвинителот одбиваат да ги коментираат овие тврдења.
Адвокатите на одбраната велат дека нивните клиенти се невини и дека биле обвинети дека патувале во Париз во саботата наутро за да се сретнат со Салах Абдеслам, кој е главен осомничен за нападите.

Медиумите наведуваат дека кај двајцата осомничени било пронајдено средство амониум-нитрат, кое се користи за правење експлозив.