Свет Балкан Во Белград се одржа марш за легализациjа на марихуаната 

Во Белград се одржа марш за легализациjа на марихуаната 

Стотици белграѓани се собраа на т.н. „Канабис-марш“ за да ја поддржат акцијата за легализација на канабисот, кој ќе се употребува во медицински цели.

– Сакаме слободно да го одгледуваме, поседуваме и да го користиме канабисот, бидејќи многу истражувања покажуваат дека не му штети на човекот, туку му помага. Во нашата организација членуваат многу луѓе кои боледуваа од канцерогени болести, а ова растение нема никакви нус-појави, како некои фармацевтски лекови – изјави еден од активистите.

Некои од учесниците на маршот, го споделиле своето позитивно искуство од употребата на маслото во лекувањето од канцер.

Исто така порачаа дека, алкохолот предизвикува многу поголема зависност од марихуаната или канабисот.